Со воведување на елекронскиот систем СиРеРа до полесно алоцирање средства за регионален развој

Проектот се реализира со забрзана динамика на активностите, велат од проектната единица на интересорското тело.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска одржа работен состанок со вработените во проектната единица која го спроведува Проектот за изработа и воведување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа).

– Со воведувањето на овој елекронски систем ќе се дојде до повисока ефикасност во спроведување на програмите и деловите од програмите со кои се алоцирани средства за регионален развој, воспоставување ефикасен механизам за мониторинг и евалуација на степенот на развиеност на планските региони и обезбедување податоци за подобро донесување на одлуки од страна на Советот за рамномерен регионален развој, велат од кабинетот на Царовска.

Од проектната единица информираа дека проектот се реализира со забрзана динамика на активностите, извршени се тестирања на сите модули кои се предвидени како содржина во електронскиот систем, а анализата покажува дека електронскиот систем, односно алатките кои што ги обезбедува за согледување на рамномерниот регионален развој се развиени 80 отсто, односно потребни се уште само мали модификации со коишто електронскиот систем би бил потполно функционален.

Паралелно со надградбата на електронскиот систем ќе биде организарано менторство на претставниците на владините институции за администрирање на системот, обезбедување поддршка за обединување на форматите на програмите и подготовка на критериуми за распределба на средства, давање поддршка на Техничката работна група за подобрување на меѓуминистерската соработка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот