Со вооружена придружба пратеничка од Мичиген дојде на работа (ВИДЕО)

Тоа е амбиентот што го создаде претседателот Доналд Трамп, истакна пратеничката Ентони. 

Пратеничката во претставничкиот дом на Конгресот на американската сојузна држава Мичиген, афроамериканката Сара Ентони на своето работно место пристигна во придружба на вооружена група, само неколу дена откако вооружени белци упаднаа во Конгресот во Ленсинг.

Вооружена група белци демонстрираа против „тиранијата” на рестриктивните мерки поради пандемијата со Ковид-19, воведени од демократската гувернерка Гричен Вајтмер.

Ентони (36) изјави дека нејзината намера била да укаже на пропустите на полицијата на Мичиген да ја гарантира безбедноста на законодавците за врема на протестот на вооружените белци.

– Кога системот нема да успее да обезбеди целосно безбедност ни преостанува сами да се погрижиме за себе. Без оглед дали си црнец и демократски претставник во Претставничкиот дом на Мичиген, стана опасно. Тоа е амбиентот што го создаде претседателот Доналд Трамп, истакна Ентони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот