МНР - Министерство за надворешни работи/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Со владиниот авион попладнево ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел, следните денови ќе се евакуираат од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во македонската амбасада во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати.

Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин.

„Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел“ велат од МНР.

Во следните денови, како што се додава во соопштението, се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.

„Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од асистенција, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви во дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на МНРиНТ“ посочуваат од МНР.

Од Министерството додаваат дека остануваат во постојана комуникација и се целосно на располагање на граѓаните, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот