Фото: МВР

Со скриени таблици се возеле низ Скопје за да не ги фати „Сејф сити“

Двајца возачи кои возеле „мерцедеси“ со прикриени регистерски ознаки се приведени, а возилата им се одземени, соопшти МВР.  Ги сокриле таблиците најверојатно за да не ги им ги препознаат камерите на „Сејф сити“ кој започна да функционира во февруари.

Вчера навечер и до раните утрински часови, полицијата во Скопје спровела засилена акциска контрола низ Центар и низ Бит Пазар.

За време на контролната акција откриен е и еден прекршок поврзан со оружје. Двете возила им биле одземени. Во текот на проверките биле контролирани 24 лица, прегледани 17 лица и четири возила, при што откриени се седум сообраќајни прекршоци.

Полицијата исто така вршела превентивни обиколки во паркот на Капиштец, околу угостителскиот објект на булеварот „Партизански одреди“ и кај игралиштето „Дрвен Град“, каде што често се собираат малолетници.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период со цел одржување на редот и безбедноста на централните градски подрачја.

Петнаесет возачи пак биле приведени вчера на целата територија на државата, поради управување моторни возила без возачка дозвола, со изречена активна забрана или под дејство на алкохол.

Од приведените, четворица се во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола, кои управувале возила без положен возачки испит. Во Битола, малолетник кој претходно со возило удрил во пешак, останал без возилото кое му било одземено. Во Гостивар, пак, одземен е мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Патничките возила им биле одземени и на останатите возачи кои биле фатени без возачка дозвола.

Во Гостивар и Кавадарци биле приведени по еден возач кои управувале возило и покрај тоа што имале изречена мерка забрана за управување моторно возило од категоријата Б. И од нив се одземени возилата.

Дополнително, по еден возач во Македонска Каменица, во гевгелискиот регион, во Струмица и во Македонски Брод управувале возила под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и во Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот