Со што ќе се пофали Путин на Денот на победата над фашизмот – 9 мај

владимир путин 9 мај москва
Владимир Путин / Воена парада во Москва / EPA-EFE/MIKHAIL METZEL/ KREMLIN POOL/SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Откако пропушти повеќе самоиницирани рокови за заземање на Бахмут, Русија продолжува да испраќа свои војници во битката во регионот на Доњецк во очајнички обид за нешто што ќе се рекламира како победа за време на парадата на Денот на победата над фашизмот“ кој треба да се одржи следната недела во Москва.

Угледниот магазин „Политико“ во своја анализа на оваа тема пишува дека Русија која ја слави советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна секоја година на 9 мај претседателот Владимир Путин овој ден го користи да го зајакне својот имиџ како моќен лидер, но на овогодинешните прослави ќе нема многу со што да се пофали.

Како што наведува „Политико“ на овогодинешните прослави ќе бидат пригушени поради фактот што Путин ги откажа парадите во руските региони Курск и Белгород, кои се граничат со Украина, но и во окупираниот Крим, поради безбедносни причини. Со оглед на тоа што Москва сега е во втората година од нејзината целосна војна против Украина и без знаци за неизбежна победа, Путин единствено се залага за победа во битката во Бахмут за да ги израдува Русите на 9 мај.

воена парада москва русија 2022
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу на Воената парада во Москва, 9 мај 2022 година / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Но, од друга страна Америка проценува дека околу 20.000 руски војници се убиени во Украина само во декември минатата година, а уште 80.000 се повредени во месеците на почетокот од годинава. Со ова Киев е решен да му го одземе секој позитивен ПР на рускиот претеседател Путин, а украинските сили деновиве се вкопуваат дополнително додека тешките борби продолжуваат околу Бахмут.

– Окупаторите веќе можат да бараат Гинисов рекорд за честите менувања на роковите за завземањето на Бахмут. Откако тоа беше прогнозирано за 1 мај и не испадна, тој рок беше одложен за 9 мај“- вели Серхи Черевати, портпарол на командата на украинската армија Исток, осврнувајќи се на обидите на Русија да го заземе Бахмут, стратешки град во кој беа забележани едни од најтешките борби во последните месеци.

Иако Русија наводно го контролира поголемиот дел од Бахмут, Черевати вели дека Украина сè уште го држи западниот дел од градот и дека патиштата за снабдување со оружје на украинските сили се сеуште отворени. Иако Русите трупаат повеќе војници на нивните позиции, силите на Киев велат дека ја држат линијата и дури успеале да вратат одредена територија.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, во понеделникот изјави дека „од декември, проценките се дека Русија имала повеќе од 100.000 жртви, вклучително и над 20.000 убиени во почетната акција за заземање на Бахмут“. Кирби рече дека од убиените Руси, речиси половината биле од Вагнер групата на платеници, поврзана со Кремљ, во исто време не коментирајќи ја проценката за украинските жртви на теренот.

Инаку според Институтот за проучување на војната, некои руски позиции во Бахмут се ранливи на напади и истите може да има можности за Украина да дојде до контраонфанзива. Минатата недела пак финансиерот и лидер на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, се закани дека ќе ги повлече своите сили од Бахмут доколку руската воена команда не успее да обезбеди повеќе муниција за платениците, објави Институтот за војна, цитирајќи го интервјуто на Пригожин со воен блогер кој известува за Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот