Со одлична музика и неверојатна забава затворен и овогодишниот Д-фест (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен Печат

Заврши еден од најголемите македонски фестивали Д-Фест. На него се сoбраа голем број на домашни и странски артисти кои со своите настапи на четирите поставени сцени, ја забавуваа публиката изминатиов викенд.

Покрај музиката, посетителите на фестивалот уживаа во изобилство на забавни активности и промоции од најразлични спонзори, кои траеа од рано наутро до доцна навечер. Се одржуваа часови по јога на отворено, креативни работилници и се играа најразлични спортови.

Првиот ден со своите настапи го одбележија Vojko V, Страјк, Кирил Џајковски и Offenbach, кои воедно претставуваа и почеток на фестивалот. Вториот ден и покрај силниот дожд во вечерните часови, од фестивалот информираа дека официјално бил срушен рекордот за најпосетена вечер од постоење на фестивалот. Главни изведувачи таа вечер беа Фолтин, Bad Copy, Mahmut Orhan и Noisia. Вчера со своите настапи фестивалот го затворија Napalm Death, Суперхикс, Hindi Zahra и Akua Naru.

[foogallery id=”52738″]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот