Со напори на млади активисти и донации преку Фејсбук, изградена куќа за социјално загрозено семејство

Фото: Моника Чекаловиќ

Две и пол години по првата објава со повик за потребни материјали, објавена на Фејсбук, едно социјално загрозено семејство од Чучер Сандево кај Скопје доби нова куќа и, со тоа, нови услови за живот, пишува Мета.

Станува збор за дом во кој, според активистите вклучени во акцијата, недостасувале основни услови за живот, недостаток на елементи од бела техника, наместен под и соодветни кревети за сите членови на семејството.

„Кога кажувам никакви елементарни услови мислам на немање ниту еден елемент од бела техника, стар кревет, под кој се тресеше при чекорење како да има земјотрес, перење облека во казан на дрва во дворот, немаа тоалет, а покривот беше целосно уништен“, раскажува социјалната работничка и иницијатор на идејата, Моника Чекаловиќ.

Старата куќа во која живеело семејството / фото: Моника Чекаловиќ

Чекаловиќ, која е вработена во јавната установа за згрижување и воспитување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение и социјален работник во Женскиот центар – Тетово, вели дека првото нешто што се обидела да го направи по средбата со семејството било отворање постапка за остварување на правата на семејството во доменот на социјалната заштита.

„Овие права, за жал, до моментот кога разговаравме не им беа остварени. Потоа добив идеја која беше нелогична за луѓето околу мене, а тоа беше да почнеме да градиме куќа преку Фејсбук објави. По првата објава се појавија луѓе кои се нафатија волонтерски да ја започнат изградбата а тоа се златниот Златко и неговата сопруга. По секоја завршена фаза, пуштав објави за потребни материјали и мајстори и така продолжувавме. За жал се случи пандемијата па целиот план малку се одолжи, но за среќа, сепак се заврши нашиот дел“, вели активистката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот