Со маски и почитување на протоколите започна уписот на средношколците (ФОТО+ВИДЕО)

Средно училиште / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Во средните училишта ширум земјава денеска започна уписот на средношколците кои учебната година ќе ја започнат од септември, а засега не е познато дали новото поглавје во образованието ќе го продолжат со онлајн настава или во училишните клупи.

Уписот на средношколците ќе трае сè до 19 јуни, а од она што можевме да го видиме во неколку средни училишта во Скопје сите кандидати ги почитуваат мерките за претпазливост пропишани во протоколот кој го објави Владата.

Фотографии: Драган Митрески

[foogallery id=”285139″]

Процесот на упис се одвива од 7.00 наутро до 19.00 часот попладне, а на влезот од сите средни училишта се поставени листи со распоред по азбучен ред и термин во кој ќе се врши предавањето на документите, со цел да се избегне создавањето на гужви.

Директорката на медицинското училиште СУ „Д-р. Панче Караѓозов“ во Скопје, Маја Салиу, вели дека првиот ден од уписите се одвива без никакви проблеми, со почитување на мерките и од страна на кандидатите кои доаѓаат и од членовите на комисијата каде тие ги поднесуваат документите.

Во продолжение погледнете го прилогот:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот