Со европско знаменце власта ги намалува казните за „Злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување“

Собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Попладнето во собранието експресно се закажа и се одржа собраниската комисија за европски прашања. Со „Европско знаменце“ власта со обид  да го промени кривичниот законик. Владата предлага намалување на казни за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“.

Со една од промените се предвидува дека сторителот ќе се казни со казна затвор од една од 4 години, што значи дека се воведува горна граница, од која се пресметува застареност. Во актуелното законско решение, нема горна граница, туку санкцијата е дефинирана на најмалку 3 години, што значи дека горната граница се поставува на 20 години.

Во врска со делот за злосторничко здружување, со предложените законски измени, се предвидува дека пропишана санкција до 10 години се намалува на до 3 години, додека санкцијата пропишана на до 5 години во ставот 2 се намалува на до 2 години.
Ова не е прв пат измените во кривичниот законик да поминат во Собранието. Ваков обид имаше пред да се галса за уставните измени за проемна на името, но по бурните реакции на дел од тогашните пратеници законот беше повлечен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот