Тони Денковски - Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Со Ана на ТИ | Тони Денковски: Тимската работа е заслужна за успехот на Театар Комедија

Во новото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“, гостин е актерот Тони Денковски, кој годинава ја доби наградата за најдобар млад актер на Златна Бубамара на популарноста.

Во разговорот, Денковски се навраќа на своето детство, кое го опишува како хармонично и исполнето со поддршка од семејството, но и на средношколските и факултетските денови кои го насочиле кон актерството. Зборувавме за првите чекори на професионалната сцена, за искуствата од работата во театар, како и за односот и соработката со колегите.

Тој со посебен жар зборува за љубовта кон театарот, но и за одговорноста што ја носи актерската професија. За себе вели дека е принципиелен и посветен на работата, а непрофесионализмот е нешто што тешко го прифаќа.

Во поткастот открива и дел од своите лични желби надвор од сцената, сака да патува, да открива нови култури и искуства, кои, понекогаш се враќаат како инспирација и на сцената.

Целото интервју со Тони Денковски погледнете го во најновата епизода на поткастот „Со Ана на ТИ“, кој се емитува секој петок во 19 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот