Ана Пепељугоска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Ана Пепељугоска Стојкоска - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Со Ана на ТИ | Пепељугоска Стојкоска: Често сум дискриминирана како жена адвокат, но успешно се справувам

Во новата епизода на поткастот „Со Ана на ТИ“, гостинка е Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка и доктор на правни науки, која зад себе има богато професионално, академско и меѓународно искуство во областа на интелектуалната сопственост, арбитражата и конкурентското право.

Разговорот отвора важни и реални теми, како навистина се станува адвокат во нашата држава, што нуди образовниот систем и дали младите правници се доволно подготвени да бидат конкурентни на светско ниво. Ана зборува и за предрасудите и препреките со кои се соочува како жена во професија што бара авторитет, но и за тежината и предизвикот да се гради сопствен идентитет како ќерка на познат адвокат, колку тоа отвора врати, а колку создава дополнителен притисок.

Покрај професионалниот пат, ја запознаваме и нејзината приватна страна, колку има време за себе, за пријателите и љубовта кон патувањата, но и како ја балансира улогата на мајка, сопруга и успешна жена во ваква динамична професија.

Поткастот „Со Ана на ТИ“ можете да го гледате секој петок во 19:00 на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот