Снимки од безбедносните камери покажуваат колку навистина се демократски изборите за руската дума

Раката зад знамето, картичката над камерата, фалсификување потписи … ова наводно се само некои од начините на нарушување на изборната волја на гласачите што се случуваат во Русија и кои беа снимени на видеата што ја запалија социјалната мрежа Твитер.

Опозицијата во Русија долго време ја критикуваше владата за редовно крадење гласови, а овие најнови снимки го потврдуваат фактот дека изборите за руската Дума оваа година се далеку од слободни и демократски.

На првото видео јасно се гледа како еден од контролорите на избирачкото место дели гласачки ливчиња на непознато лице кое се крие зад руското знаме.

 

Следното видео покажува како некој ј става исечен картон над камерата со цел да ги прикрие „матните акции“ во изборната единица во Санкт Петербург

 


На забелешката дека фалсификувале потписи, еден од контролорите едноставно ги фатил изборните ливчиња во обид да ја нерегуларноста.

Меѓутоа, дури и кога имате докази за кражба, ништо не е готово. Кога еден од кандидатите за пратеници сакаше да пријави нерегуларности, обезбедувањето едноставно го исфрли!

Овие избори поминаа со ниска излезност и недвосмислен пад на популарноста на владејачката Единствена Русија, иако владата направи сe за да ја маргинализира опозицијата.

Дали Путин ќе успее да ја врати популарноста на својата партија или ова е почеток на крајот на неговото владеење, останува да се види во иднина .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот