Снимател од ТВ Сонце пред Судот сведочеше како бил повреден на протестите за ,,Монструм”

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Вработениот снимател-репортер од ТВ Сонце, Борислав Стоилковиќ, рече дека не може да посочи никого како сторител на нападот, од причина што ударот го добил во грбот.

Оштетен медиумски работник од протестите за слуачајот ,,Монструм” на 26 февруари, денеска во Кривичниот суд Скопје раскажа како се случило да биде повреден и да добие фракртура на левата раката. Вработениот снимател-репортер од ТВ Сонце, Борислав Стоилковиќ, рече дека не може да посочи никого како сторител на нападот, од причина што ударот го добил во грбот.

– Стоев на средина на булеварот, позади полицијата. Кога беа насилните протести кон Бит Пазар, се движев паралелно со полицијата. Додека траеше конфронтацијата летаа тврди предмети. Кога дојдов до жардињерата за да можам да снимам, во тој момент ме удри плоча бекатон, ме занесе и ме турна на улица. Тука ја добив повредата, рече Стоилковиќ.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

На претходните рочишта три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор. На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот