Сменета директорката Стевановиќ, со Инфективна ќе раководи Фадил Цана од АА, причините не се познати

Д-р Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника, Фото: Слободен печат

Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за МИА. На местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.

Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид – 19.

Цана е кадар од Алијанса за Албанците. Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.

Денеска од клиниката за инфективни болести потврдија дека починала 20-годишна девојка како последица на грип. Ова е седми смртен случај како последица од грип оваа сезона.

Дваесетгодишна девојка од Скопје почина од грип на Инфективната Клиника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот