Службеничка во Општина Кавадарци одбила поткуп од 500 евра, ги пријавила митаџиите од Скопје

Двајца скопјани добија кривична пријава откако се обиделе да поткупат службеничка од Општина Кавадарци со 500 евра, но таа ги пријавила, соопшти МВР.

„Денеска (29.03.2023) ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(34) и Ј.С.(60), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело „давање поткуп“, предвиден и казнив по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Двете лица кривичното дело го сториле на 29.12.2022 околу 09.30 часот во Општина Кавадарци, при што на вработена во Одделението за урбанизам, дале поткуп во износ од 500 евра во апоени од по 100 евра, со цел да не изврши службено дејствие кое морала да го изврши – надзор врз градежни работи“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот