Случајот со Леонид на владина седница: Демири ќе разговара со семејството за подмирување на трошоците

Случајот на Леонид Индов бил разгледан на денешната владина седница и биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на неговата рехабилитација, што се одвива во моментов, информираа вечерва од Министерството за здравство.

„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение, пишува во изјавата на министерот за здравство во техничката Влада“, Илир Демири.

Младиот Леонид со хеликоптер беше транспортиран во Австрија, каде моментално се наоѓа на лекување, како и рехабилитација со која треба да му се овозможи да дише самостојно, да голта и да прооди. Во тоа му отежнуваат неколку фактори, меѓу кои и тоа што во македонските болници добил 30 интрахоспитални инфекции и декубит, рана која не може да се санира ни со пластична хирургија. Во моментов тој се наоѓа во рехабилитациски центар во Австрија, каде на повеќе начини се работи со него за да му се подобри здравствената состојба.

Во меѓувреме Фондот за здравство одби да го покрие лекувањето на Леонид во Австрија, со изговор дека во нивните правилници нема основ да се покрие рехабилитација. Но, според семејството, ова не е рехабилитација, туку животозагрозувачка состојба која бара лекување и за која нема услови во Македонија. За првите три месеци лекувањето во Австрија е 140 илјади евра, а толку се потребни и за вторите три месеци, но ФЗОМ одби да го покрие овој трошок со образложение дека и во Македонија можел да се лекува и дека не покриваат рехабилитација.

Таткото на Леонид денеска ја обжали одлуката на Првостепената комисија на ФЗОМ

Таткото на Леонид спрема кривични пријави за сите доктори од комисијата на ФЗОМ коишто го одбија лекувањето, како и против раководството на Фондот

Леонид е пресреќен што ја има поддршката од јавноста во битката за неговото здравје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот