Словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев е промовиран во Љубљана

Фестивал на словенски книжевности / Фотографија: Борис Претнар

Во чудесниот амбиент на вилата „Златица“, именувана по саканата ќерка на најпознатиот љубљански жупан Иван Хрибар, на 15 јуни се одржа промоцијата на „Шпегавец“, словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев.

Во полниот салон во вилата романот го претставија и за него разговараа професорката Намита Субиото, преведувачот на делото Роберт Суша и авторот Прокопиев, со помош на Соња Цекова – Стојановска, која консекутивно ги пренесуваше интересните дијалози во взаемна жива комуникација со публиката.

Неколку дена пред промоцијата, на Третата програма „Арс“ на Радио Словенија, беше емитирано долго интервју со Прокопиев што го водеше младиот критичар Сашо Пуљаревиќ, што подоцна во печатена форма беше поставено на информативниот портал на РТВ Словенија.

– За мене и овој книжевен престој во Словенија беше извонредно организиран, облагодарен со човечката топлина на промоторите и организаторите што долго ќе ме грее и храбри – изјави писателот Александар Прокопиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот