Словенечката европратеничка Јовева цел на навреди од поддржувачи на Јанша поради македонското потекло

Од Кабинетот на Јанша во изјава за СТА одговорија дека нема да ја ги коментираат обвинувањата.

Словенечката европратеничка Ирена Јовева неодамна стана мета на навреди на социјалните мрежи и на веб-порталите поврзани со владејачката партија во Словенија, СДС на Јанез Јанша, поради нејзиното македонско потекло, соопшти нејзината партија Листата на Марјан Шарец (ЛМШ).

Како што објави словенечната државна агенција СТА, а пренесоа другите словенечки медиуми, За навредите Јовева обелодени на нејзиниот Фејсбук профил минатиот четврток, истакнувајќи дека не и пречат личнните навреди, колку што е загрижена за нивото на кое се наоѓа словенечката политика.

Нејзината партија ЛМШ соопшти дека Јовева на социјалните мрежи била цел на системски навреди и вознемирување од страна на некои партиски медиуми и поединци поврзани со СДС. Од партијата го посочуваат текстот објавен на порталот Нова 24ТВ во неделата, кој се фокусира на потеклото на Јовева.

„Лицемерието на македонската европратеничка Јовева: Ужасната е од нетрпеливоста, но кога на премиерот Јанез Јанша му се закануваа со смрт, молчеше!?“, е насловот на текстот на порталот.

 

„Јовева е родена во Словенија, стана европратеничка во Словенија и беше избрана во Словенија. Нејзиното потекло, на кое е особено горда, е нејзина лична работа и нешто што не спаѓа во политичкиот дискурс на Словенија во 21 век”, соопштија од нејзината партија ЛМШ.

Опозициската партија го повика и премиерот Јанез Јанша кој е лидер на СДС, која е косопственик на Нова24ТВ да обезбеди, „неговиот портал да престане да објавува навредливи, националистички и расистички написи, кои ја ставаат Словенија на неславната мапа на државите каде владеат партии кои систематски шират нетрпеливост, говор на омраза и национализам, што трагично ја обележа историјата на Европа во 20 век“.

Од Кабинетот на Јанша во изјава за СТА одговорија дека нема да ја ги коментираат обвинувањата.

Партијата на Јовева, исто така, ги повика помладите партии членки на владејачката коалиција, особено оние кои се изјаснуваат како центристички, јасно да кажат дали поддржуваат вакво ширење на нетолеранција и национализам од страна на партијата што ја предводи владната колиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот