Словачка одобри употреба на руската вакцина „Спутник V”

Фото: EPA-EFE/Bolivian Ministry of Foreign Affairs / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Словачкиот министер за здравство Марек Крајци изјави дека руската вакцина „Спутник V” е одобрена за употреба во земјата до крајот на август.

Вакцината ќе употребува во Словачка во согласност на статусот на исклучок, доделен од Министерството за здравство како лек што не е регистриран.

Лицата кои ќе сакаат да се вакцинираат со „Спутник V” треба да потпишат согласност, со која ќе потврдат дека се свесни оти Европската агенција за лекови (ЕМА) досега не ја има одобрено руската вакцина.

Вакцинацијата ќе биде на доброволна основа и нема да биде ограничена од возраста на примателот.

Премиерот на Словачка, Игор Матович вчера изјави дека Братислава ќе набави два милиона дози од вакцината „Спутник V”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот