„Слободен печат“ дознава: Утринава уапсени доктори од Онкологија

Клиника за радиотерапија и онкологија / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Утринава полицијата прави претреси кај лекари од Клиниката за онкологија, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Според нашите извори има и уапсени лекари. Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја почна екс-министерот Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника. Според нашите информации претреси се веќе направени кај Н.Н, Е.Џ, и Н.В. Претреси имаше и пред неколку месеци по што обвинителството отвори предистражна постапка. Во текот на денот очекуваме информации од Обвинителството за денешните претреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот