„Слободен печат“ дознава: Онлајн ќе се пријавуваме за вакцина против ковид-19

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

И македонските граѓани ќе може да се пријавуваат за вакцина против ковид-19 преку специјален сајт изготвен за таа намена, потврдуваат за „Слободен печат“ високи извори од Министерството за здравство, непрецизирајќи детали. Ваков систем досега изготви соседна Србија, каде граѓаните преку прашалник се пријавуваат за вакцинација.

Со вакцини од кинеската компанија Синофарм, доволни за 100 илјади граѓани да се заштитат од коронавирусот, ќе започне вакцинацијата во Македонија на крајот од февруари. Засега се знае дека здравствените работници ќе ја примат вакцината први на пункт во Клиничкиот центар, а пунктови ќе има и во здравствените домови.

„Слободен печат“ открива што пишува во упатството на кинеската вакцина – кој не смее да ја прими и колку трае имунитетот

Нема да има потреба да се обучува медицинскиот персонал како да ја администрира вакцината, поради тоа што има искусен кадар. Обука имало само за вакцината на „Фајзер“ и таа успешно завршила. Останатите вакцини се чуваат на вообичаена температура, се аплицираат исто како и другите и затоа за нив здравствениот персонал нема потреба да се обучува. На почетокот ќе се повикуваат пациентите за вакцинација преку телефон, за што е изготвен список од над 15 илјади луѓе кои ќе бидат поканети преку системот „Мој термин“.

Првично испораката на вакцини ќе се одвива сукцесивно и затоа вакцинацијата нема да биде масовна. За кинеските вакцини целата логистика и транспортот ја презела државата со оглед на тоа што склучила директен договор со фирмата од Кина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот