15 C
Скопје

„Слободен печат“ дознава: Двајца пратеници и еден министер имаат двојни државјанства

Најмалку двајца пратеници од сегашниот состав на Собранието, како и еден министер во владата на премиерот Зоран Заев, поседуваат странски државјанства. Двајцата пратеници имаат албанско државјанство, а министерoт, кој е од редовите на ДУИ, покрај македонското, поседува и државјанство на Австрија, дознава „Слободен печат“.

Пратениците ги добиле албанските државјанства со одлука на претседателот на Албанија Илир Мета, кој издал вкупно 382 државјанства за лица од Северна Македонија, Косово и Црна Гора по брза постапка. Законот за државјанства во Албанија му дава право на претседателот да издаде државјанство со указ доколку процени дека земјата има посебен научен, економски или културен интерес за тоа. Меѓу македонските граѓани што добиле вакви државјанства, освен двајцата пратеници, има и други јавни личности, пејачи, уметници, како и верски водачи.

„Слободен печат“ се обрати до кабинетот на претседателот Мета со прашање врз основа на какви заслуги на овие граѓани им било издадено албанско државјанство, но не доби одговор. Во албанскиот печат се обвинува претседателот Мета дека го злоупотребува ова право и дека има лица од Русија, Турција, како и од некои арапски и африкански земји, кои воопшто не исполнуваат ниту еден од наведените критериуми, но сепак добиле државјанства по кратка постапка.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара законски измени со кои не ќе може да стане пратеник лице што има двојно државјанство. Од партијата најавија амандман во кој се предвидува еден од условите за кандидатите за пратеници да биде тие да имаат само македонско државјанство. Ваквиот предлог е прифатлив и за владејачката СДСМ, но под услов ова правило да почне да се применува веднаш и да важи и за актуелниот пратенички состав.

Партиите на Албанците се начелно против овој предлог. Во Движењето БЕСА не гледаат проблем ако некој од пратениците има двојно државјанство. Алијансата за Албанците тврди дека ниту еден нивни пратеник нема двојно државјанство, а во ДУИ велат дека нивниот лидер Али Ахмети поседува само државјанство на Северна Македонија.

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар