Сликовницата „Кошница со калинки“ од Марина Мијаковска е објавена во издание на „Едука мак“
Сликовницата „Кошница со калинки“ од Марина Мијаковска е инвентивно и едукативно дело наменето за децата од предучилишна и од рана училишна возраст. Сликовницата е во издание на „Едука мак“.
Препорачано
Во приказната Мијаковска ги едуцира децата на сликовит начин да дознаат каде, кога и како расте, цути и созрева калинката, каква боја има цутот, а каква плодот, што содржи и зошто е здраво да се јадат калинки.
Книгата ја развива љубопитноста кај децата и говорните вештини преку ликот на девојчето со име Калина која набљудувајќи го дрвото со калинки во бабината градина, учи за нив и го пренесува знаењето на својата другарка Лина. Тајната на Калина се крие во благословот на кошницата со собраните калинки.
Сликовницата е живописно илустрирана, а илустрациите се во функција на текстот со што ја оживуваат приказната со изразен приказ на дејство и динамичност. Тие го поттикнуваат мисловниот процес и ја развива имагинацијата кај детето.


