Сликата која го обиколи светот: Дете кое беше спасено од работ на смртта, секојдневно ја инспирира јавноста (ФОТО)
Деновиве активистите за мир во светот, во светло на борбата против дискриминација на црните личност, на друштвените мрежи не потсетија на едно исклучително дело кое пред 4 години го направи активистката Ања Рингрен Ловен. Таа во Нигерија на 31 јануари 2016 година го пронајде и спаси 2-годишното момче обвинето за знаимавање со магии.
Родителите го оставиле на улица да умре од глад и дехидрира. Тој со месеци преживувал хранејќи се со отпадоци кои ги наоѓал низ улиците.
Happy Monday ? I hope you all had a great weekend ? Everytime I share updates of the children’s artwork many of you…
Publiée par Anja Ringgren Lovén sur Lundi 22 juin 2020
Ања која ја основала организацијата „Land of Hope“ за помош на деца од Африка обвинети во своите заедници како вештерки и затоа оставени без дом или дури и убивани, го пронашла малото дете во застрашувачка состојба. Телото му било полно со црви и паразити. На сликата која го обиколи светот, таа му дава шише со вода.
Денес се уште дветот го заобиколуваат фотографии од ова момче кое Ања го нарекла Хоуп (анг. надеж), но на кои тој е веќе здраво 6-годишно момче. Тој е здрав и живее во нигериското сиропиталиште кое Ања го изградила со својот сопруг Дејвид Емануел Умемом за децата од таа категорија.
Во склоп со секојдневната хуманитарна работа на Ања, таа на својот фејсбук-профил објави слики и повика луѓето да се приклучат на аукцијата за Уметничките дела на Хоуп со мотиви и пораки кои го поддржуваат движењето „Black Lives Matter“.
Ања горда на делата кои ги има Хоуп направено напишала:
„Тоа што е толку единствено во врска со неговите слики е тоа дека всушност не знаеме што му е на ум. Што сака да изрази со зелената боја во средина на нечиј лик? Сигурна сум дека неговата слика може да се протолкува на многу налини, но само Хоуп ја знае вистинската приказна. И тоа го прави единствен“, навела Ања објавувајќи некои од делата на Хоуп.
Ања секојдневно на друштвените мрежи ја потенцира целта на својата мисија и фондацијата против опасното верување кое секоја година убива илјадници невини деца.