Слепо куче стана хит откако полицијата го запрела зад воланот на електричен „мерцедес“

Кучињата сакаат возбудливи возења со автомобили, а честопати слатко ги „исфрлаат“ главите низ прозорецот уживајќи во ветрот. Полицијата во Австралија запрела автомобил од марката „мерцедес“, а зад воланот седело куче.

Електричниот „мерцедес СУВ“, автомобил и играчка, бил управуван од кучето Бади, кое е глув и слеп, а има 107 години.
– Не можевме да им веруваме на очите и едноставно моравме да застанеме и да погледнеме одблизу. Ова ни го разубави денот – рекла Линда Гиблет. Кучето Бади беше само патник зад воланот на автомобилот на далечинско управување, кој е наменет за деца, а неколку метри зад него стоел неговиот сопственик Тери, кој управувал со автомобилот со помош на далечински управувач.
Фотографиите од Бади станаа вирални откако полицијата во Викторија реши да го објави овој необичен случај на нивниот фејсбук-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот