Следниот викенд ќе се знае распоредот на изборните кандидатски листи на СДСМ и коалициските партнери

Следниот викенд ќе се знае распоредот на листите на СДСМ и коалициските партнери за изборите на 12 април, во партијата работи комисија од меѓународни и домашни експерти за селекција на кандидатите, информираше денеска на прес-конференција претседателот на владејачката поартија Зоран Заев.

– СДСМ работи на оценка и анализи, а во моментов работи и комисија од меѓународни и домашни експерти дополнета со претставницои на политичкото раководство на СДСМ за квалитетна селекција на кандидатите кои треба да бидат репрезенти на локалните заедници. Ние се уште немаме потврдено со сите партнери дека имаме коалиција. Идниот понеделник треба да ги утврдиме кои се коалициски партнери и кои се местата кои ќе ги добијат и кои се кандидатите на СДСМ што бидат на листите – рече Заев

Според него, кадндидатите треба да се достоинствени репрезенти на народот и нагласи дека не е важно дали доаѓаат од СДСМ, Беса, НСДП, ДОМ ПЦЕР, или од партиите на Бошњаците, Власите Турците…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот