Следната недела се замрзнуваат и цените на тестенините и млечните производи, најави Бектеши

Млеко на рафт во маркет / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерството за економија речиси ги завршило анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи и најдона до крајот на идната недела ќе се носат одлуките, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој во гостување на телевизија „Сител“ рече дека откако ќе ги завршат анализите, ќе ја информираат Владата и посочи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа.

Во однос на производителите на леб, Бектеши обвини дека токму тие компании кои излегоа на прес-конференција во понеделникот, продавале навечер леб по цена од 50 денари, работеле спротивно на законите, не давале ниту фискални сметки.

– Јас сум убеден и како Влада, почнувајќи од премиерот, отпстапки никакви нема да има. Во делот на тужбата секој има право да тужи, демократска држава сме, но немало никаков притисок, а тие не знаат како да избегаат од тоа што го направија, рече Бектеши и ги повика институциите да направат контроли на „нечесните производители“

Бектеши рече дека додека тој е главен во Министерството за економија, овие компании нема да можат да имаат средба во министерството, бидејќи, како што кажа, „дента кога ја најавија мерката, истите ја прекршија додека работеа на црно“.

Министерот најави дека ќе се укинат и субвенциите за електрична енергија кај јавните комунални претпријатија, доколку сакаат да ја зголемат цената на водата.

-Ако продолжат тоа да го прават, јас најавувам дека и за нив ќе се укине субвенционираната електрична енергија, рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот