Славјанка Петровска: Без одобрение од Наќе Чулев, џабе се сликате за пасош

Таа посочи дека иако е период на изборите не смее да се наруши легитимно право на граѓаните да имаат свои патни исправи.

Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска за „Слободен печат“ тврди дека од службите за изработка на патна исправа, добила информација дека без одобрение на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, за пасош никој не може да се фотографира.

– Добив информација утринава од службите, дека без да одобри Чулев, на ниеден граѓанин не може да му биде изработен пасошот – ни изјави Петровска.

Министерот за внатрешни работи е тој што треба да го реши проблемот со пасошите, а ако не знае треба да побара совет, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска при посетата на СВР Тетово.

Таа посочи дека иако е период на изборите не смее да се наруши легитимно право на граѓаните да имаат свои патни исправи.

Се обидовме да го добиеме министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, но тој е недостапен на својот мобилен телефон.

Законот за патна исправа брутално се крши. Според него, ако некој аплицира за пасош во редовна процедура треба да го добие документот за 15 работни дена. Овој рок, не само што се пречекорува, туку проблем е и самото закажување термин. На телефонскиот број 072 92 92 92 никако не може да се закаже за пасош. Се чека по околу 5 минути од повик, по што линијата автоматски се прекинува и така – со часови.

Хаос во МВР: Пасошите доцнат, возачките по итна постапка, а граѓаните „заглавени“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот