Славен Билиќ станува селектор?

Фото. EPA-EFE/GLYN KIRK

Искусниот хрватски стратег, Славен Билиќ според најавите на медиумите во оваа земја е главен кандидат за преземање на функција селектор на репрезентацијата на Република Ирска.

Билиќ во овој момент работи во Саудиска Арабија каде што го предводи тимот на Ал Фатех. Се наведува дека Билиќ не би можел да ја преземе Ирска до мај, но во овој момент тој е првиот фаворит.

Најголемиот успех во кариерата Билиќ го имаше со Хрватска која ја водеше шест години, а во 2008 година стигна до четвртфиналето на Европското првенство.

Подоцна работеше во Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, Ал Итихад, Вест Бромович, Пекинг Гуан и Вотфорд. На клупата на Ал Фатег е од минатата година и во овој момент неговиот тим е на седмото место во првенство со 31 бод помалку од водечкиот Ал Хилал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот