Славела роденден: Норвешката премиерка Ерна Солберг под истрага за кршење на епидемиолошките мерки

Норвешката премиерка Ерна Солберг/ Фото: EPA-EFE/Haakon Mosvold Larsen NORWAY OUT

Премиерката на Норвешка, Ерна Солберг е под истрага поради евентуално кршење на мерките за борба против ковид-19, соопшти денеска полицијата.

Солберг во текот на минатиот месец го прославувала својот 60. роденден во зимското одморалиште Геило со членови од поширокото семејство, при што во два наврата биле собрани повеќе од 10 луѓе, со што е прекршена одредбата за јавни собири.

Солберг вчера изјави дека „би требала да биде свесна за правилата”.

Истрагата треба да покаже дали биле прекршени локалните или националните рестриктивни мерки, а резултатите од истрагата потоа ќе ги процени обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот