Слатко задоволство: Рецепт за празничен колач со суво овошје

Фото: homydesign / Alamy / Alamy / Profimedia

Традиционалниот португалски празничен колач се нарекува „Боло Реи“ или „Кралски колач“. Тоа е колач направен од воздушесто тесто со суво овошје и јаткасти плодови. Се разбира има повеќе варијанти, но ова е многу едноставен рецепт кој лесно можете сами да го направите, чиј вкус ќе биде подеднакво привлечен како и неговиот изглед.

Можете да го користите секое суво овошје што го сакате, како и јаткасти плодови, а можете да користите и било кој сладок алкохол, како ликер или шери. За подготовката на состојките ќе ви бидат потребни само петнаесетина минути, но колачот ќе биде готов за околу два и пол часа.

Состојки:

– 400 г брашно
– 14 г сув квасец
– 100 г шеќер
– 75 г омекнат путер
– 2 јајца и 1 за премачкување
– прстофат сол
– 1 лимон, рендана кора
– 100 мл топло млеко
– 100 мл ликер или шери
– 80 г суво овошје
– 50 г сечкани јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници)

За декорација:

– 50 г суво исечкано овошје
– 30 г мелени јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници)
– шеќер во прав, по желба
– 1 лажичка џем
– 2 лажички топла вода

Подготовка:

Сечканото суво овошје ставете го во тенџере со алкохолор и оставете да зоврие. Измешајте го квасецот со топлото млеко и оставете го 5 до 10 минути да делува.

Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, кората од лимон, путерот, цели јајца и солта. Потоа прелијте го млекото со квасецот и измешајте.

Додадете ја смесата од алкохолот, овошјето и сечканите јаткасти плодови во тестото и мешајте додека сè добро не се соедини. Тестото обликувајте го во форма на топка, ставете го во сад, посипете го со брашно и покријте го со најлонска фолија и чиста крпа. Оставете да нарасне на собна температура додека не се удвои во големина, околу час и половина.

Обложете го плехот со хартија за печење и лесно набрашнете го. Ставете го тестото во плех, израмнете ја топката во форма на круг, со рацете направете дупка во средината и ставете чаша во неа за да не се залепи тестото. Оставете да нарасне уште половина час до еден час.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со изматено јајце и декорирајте со преостанатите јаткасти плодови, парчиња суво овошје и шеќер во прав.

Печете 35 до 45 минути. По желба пред послужување премачкајте ја тортата со мешавина од џем и вода и посипете со уште шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот