Слатки и паметни: Дали знаете како мачките ве манипулираат?

Фото: Pexels/Sam Lion

Секој што чувал мачка во домашни услови, слушнал како неговиот миленик мјаука, обидувајќи се да искомуницира нешто со својот сопственик, да даде до знаење дека е време за оброк или да побара помош од него. Многумина претпоставуваат дека мачките „разговараат“ меѓу себе преку мјаукањето, а на тој начин нѐ вклучуваат и нас во нивниот социјален круг. Но, деталното анализирање на однесувањето на група мачки, кои живеат во јужна Англија и кои не живеат со сопственик – туку слободно, покажало дека мачките ретко мјакукаат меѓу себе, пишува „Гардијан“.

Дали откритието дека мачките не мјаукаат меѓу себе покажува дека тие развиле способност да мјаукаат во изминатите неколку илјади години, како дел од процесот на припитомување? Научниците велат – не. Сите мали видови диви мачки мјаукаат. Домашната мачка го модифицирала овој звук, правејќи го пократок, повисок и попријатен за нашите уши. Истражувачите сугерираат дека луѓето имаат вродена склоност кон високи звуци и дека мачките се прилагодиле на тоа.

Научниците од Универзитетот во Сасекс покажаа дека кога домашните мачки сакаат нешто (обично храна), тие упорно предат, што има одредена фонолошка сличност со плачот на човечкото бебе.

Други видови мали мачки, исто така, предат. Така што, ова е, веројатно, уште еден пример на постоечка особина која е паметно прилагодена да манипулира со нас.

Мачка со крената опашка / Фото: Pexels/Julissa Helmuth

Сепак, постои однесување кое е, речиси, единствено за домашните мачки. Па, затоа се претпоставува дека е особина стекната за време на припитомувањето. Сепак, таа не е насочена само кон луѓето, туку и кон другите мачки.

Домашните мачки користат сигнал наречен „јарбол“ (крената опашка) кога комуницираат меѓу себе, но и со луѓето. Исправената опашка значи: „Доаѓам во мир“ или „Мило ми е што те гледам“.

Ова е показател дека овие животни сакаат пријателски однос, а другите мачки, исто така, им возвраќаат со „вертикален поздрав“ за да покажат дека се расположени за дружење.

Фактот што мачките ја користат својата опашка за да ни сигнализираат добри намери кон нас луѓето е голема чест, што покажува дека сме стекнале „почесен статус“.

Само уште еден вид мачки ја користи својата опашка на сличен начин. Изненадувачки, тоа е „кралот на џунглата“ – лавот. Кога се поздравуваат, лавовите ги креваат опашките, иако повеќе во заоблен полукруг отколку исправени.

Група лавици / Фото: Pexels/Gary Whyte

Како две толку различни мачки реагираат на ист начин? Лавовите се познати како единствениот вистински социјален вид на диви мачки, кои живеат во глутници од дури 20 членови. Женките особено се познати по својата дружељубивост: се дотеруваат, играат, лежат една до друга, дури и се грижат за младенчињата и ловат заедно.

Се смета дека домашните мачки се како другите мачки: осамени, повлечени и асоцијални. Но, тоа не е секогаш случај. Мачките кои немаат сопственик и живеат во групи, овие групи се составени главно од сродни женки. Како лавовите, мачките се исклучително социјални, дури и си служат една на друга како бабици за време на породувањето, но како лавови, тие не се пријателски расположени кон членовите на другите групи.

Оваа слична социјална структура е она што ја објаснува независната еволуција на сигнализацијата на опашката кај мачките и лавовите. Кога интеракциите се вообичаени, потребен е начин да се наведат пријателски намери, а што подобро од опашка – видлива од далечина и не се користи за други цели?

Па, зошто ги сметаме домашните мачки за осаменици? Да потсетиме дека групите лавови и домашни мачки се состојат од женски роднини. Но, кога новиме повеќе мачки во домот, тие најчесто доаѓаат во различно време и доаѓаат од различни семејства. Па, не е ни изненадување што тие не се согласуваат меѓу себе. Иако не е невозможно за две неповрзани мачки да развијат пријателски односи, подобар пристап е да се донесат мачки од исто легло заедно во куќата.

Домашната мачка можеби не еволуирала многу во однос на африканската дива мачка, но промените што ѝ се случиле од неа создале домашен миленик, кој е пријателски расположен, но и способен да манипулира со нас.

Знаете ли зошто мачките имаат различни бои на очите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот