Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Скратената изолација избриша 6.500 активни случаи на ковид-19

Надлежните денеска избришаа од евиденцијата околу 6.500 активни случаи на ковид-19 – според официјалниот дневен корона-извештај, во текот на изминатиот ден имало дури 7.170 оздравени пациенти.

Ова се случува откако периодот на изолација, кој досега траеше десет дена, со одлука на Кризниот штаб, а врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, од десет, беше намалена на седум дена за пациентите кои се позитивни, а немаат симптоми. Како образложение беше наведена полесната клиничка слика предизвикана од сојот омикрон на коронавирусот.

Со „чистењето“ на евиденцијата, во денешниот извештај на ИЈЗ се бележат 13.628 активни случаи, што е многу помалку од вчера забележаните 20.109. Ова намалување на бројот на активни случаи е второ најголемо, откако и минатата недела за едно деноноќие беа регистрирани над 7.200 оздравени пациенти.

Денеска беа регистрирани нови 711 пациенти заразени со коронавирусот, а продолжи загрижувачкиот тренд на висок број на смртни случаи, со регистрирани 24 починати пациенти, од кои најмладиот имал 29 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот