Скопје џез-фестивал ќе ги промовира новите календари во „Макка бар“
Саботно џез-матине на Скопскиот џез-фестивал, со промоција на новите календари за 2023 година и концертeн настап на Јордан Костов, Дориан Јовановиќ и Андреа Мирческа, ќе се одржи на 14 јануари, со почеток во 13 часот, во „Макка бар“ (бул. Св. Климент Охридски 60) во Скопје.
Препорачано
Станува збор за традиција која Скопскиот џез-фестивал ја негува години наназад. Џез-календарот со текот на времето стекна колекционерски статус и стана важна реликвија на секој џез-поклоник во државата. Секој месец од календарот за тековната година носи фотографија со некој од изведувачите на минатогодишното издание на џез-фестивалот.
Автор на фотографиите е познатиот словенечки фотограф Жига Коритник, кој повеќе од 20 години е редовен посетител на скопскиот фестивал.
Фотографиите се изработени на врвно професионално и естетско ниво, кое е пренесено и во календарот во целост, а Скопскиот џез-фестивал е еден од ретките во светот кој својата програма, музичарите и џез-музиката, воопшто, ја промовира на овој начин.


