СКОПЈАНИ ПРОДОЛЖУВААТ СО СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА: Изречени над 230 казни

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа, санкционирани се 58 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што им се издадени исто толку мандатни платни налози. Откриени се и 74 останати прекршоци за кои се издадени 18 мандатни платни налози и 56 прекршочни платни налози.

Во периодот од 17.30 часот на 18.06.2019 до 00.30 часот на 19.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 27 возачи кои сториле прекршоци.

Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 27 прекршочни платни налози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот