Полиција МВР Македонија
Фото: Архива на „Слободен печат“

Скопјанец ширел омраза кон државата — дома чувал пропаганден материјал спремен за раздавање

Според информациите од обвинителството, осомничениот преку посебно креирана страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделувал содржини кои поттикнуваат национална и етничка дискриминација и ширел омраза кон македонската држава и идентитет.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет против еден човек по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи.

Човекот е осомничен за кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од член 394-г од Кривичниот законик.

Според информациите од обвинителството, осомничениот преку посебно креирана страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделувал содржини кои поттикнуваат национална и етничка дискриминација и ширел омраза кон македонската држава и идентитет.

Тројца Бугари уапсени во Демир Хисар со украдени парчиња од македонски народни носии

По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полицајци извршиле претрес, при што бил одземен пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.

Од обвинителството наведуваат дека осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин, кој подолг период на социјалните мрежи и на различни портали објавувал содржини со цел поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.

Јавното обвинителство, во соработка со другите надлежни институции, продолжува со преземање активности за обезбедување дополнителни докази во случајот.

Од АНБ посочуваат дека по претходно обезбедени информации од нивна страна кои укажуваа на субверзивно-пропагандни активности во земјата на домашни и странски недржавни актери, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи/БЈБ синхронизирано презедоа организирани мерки и активности за кривично-правен прогон на лица и одземање на пропагандни материјали кои имаат за цел да предизвикаат етничка и национална нетрпеливост, раздор и омраза меѓу граѓаните.

Лицата опфатени во кривичната пријава преку печатење и дистрибуција на пропаганден материјал планирале да поттикнат омраза кон македонската држава и идентитет и предизвикување на тензии, а преку социјалната мрежа Фејсбук, на страницата „Историски податоци за Македонија”, споделувале содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација. Наведените активности биле поттикнати во координација и по насоки на бугарски државјанин, кој подолг период на социјалните мрежи и преку бот-мрежа на информативни портали спроведува пропагандни активности со цел поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство помеѓу македонските и бугарските граѓани во двете земји, од позиција на недржавен прокси-актер во функција на хибридно поткопување на стратешките евроинтегративни процеси на Македонија и загрозување на европската безбедност, велат од АНБ.

Агенцијата во соработка и координација со други надлежни органи ќе продолжи да презема мерки и активности со цел детектирање и спречување на вакви слични активности, со кои се дискредитираат и повредуваат чувствата на граѓаните, но и се загрозува националната и регионалната безбедност, додаваат оттаму.

ВИДЕО: Камерите го фатија напаѓачот што ја скрши вратата на бугарската амбасада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот