Скопјанец провалил во објект на Армијата каде се чувало оружје, ОЈО поведе истрага

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Во атарот на селото Ќојлија, скопско 23-годишник провалил во издвоен објект на Армијата на Република Северна Македонија, од каде се обидел да одземе оружје. Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка.

Како што соопшти ОЈО, на 14 мај, во атарот на селото Ќојлија, скопско провалил во издвоен објект на Армијата на Република Северна Македонија, од каде се обидел да одземе туѓи предмети од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот, со намера противправно да ги присвои. Со клешта за арматура ја исекол жичeната ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот Дренов Дол во кој се чувало оружје и друга воена опрема. Осомничениот насилно ја отворил вратата, но во тој момент бил спречен од професионален војник кој го затекнал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот