Скопјанец лажно се претставувал како полициски службеник

Фото: Министерство за внатрешни работи

МВР информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Т.К.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување” по член 391 од Кривичниот законик.

На 25 мај 2022, пријавениот бил запрен од полициски службеници додека управувал патничко возило, а поради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, тој лажно се претставил како полициски службеник и се легитимирал со лажна службена легитимација на МВР која сам ја изработил, соопштуваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот