Склопен првиот геј брак во Црна Гора, две девојки кажаа „ДА“ во Будва

лгбт

Со венчавката на две девојки во Црна Гора денеска е склопен првиот истополов брак.

Според зборовите на локалните власти во Будва, на партнерките им се предоени правата и обврските во склад со црногорскиот закон, а со зборовите на поетот Душко Радовиќ за љубовта и за заедничкиот живот им е објаснето и она што не е опфатено со законот.

„Не радува што бевме во можност први да го применуваме законот за животно партнерство и да им посакаме многу среќа и љубов во заедничкиот живот“, рече Миљана Вукотиќ Јелушиќ.

Црногорскиот парламент кон средината на 2020 година го усвои Законот за истополово животно партнерство кој стапи на сила на 15 јули годинава. Досега за склопување на брак се пријавија дваесетина ЛГБТИ двојки.

Со тоа, со закон ЛГБТИ двојките добија исти права како и хетеросексуалните двојки, освен право на посвојување и старателство над деца.

На усвојувањето на законот најмногу се противеше Српската православна црква која смета дека со тоа се разорува традиционалното семејство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот