Скандалозни сознанија: Малиот Илче починал поради лекарска несовесност?!

Малиот Илче беше оставен сам, без храна и без соодветна терапија / Август, 2020 / Фото: Слободен печат.

Скандалозен пресврт открива Основното јавно обвинителство во третманот на малиот Илче, дете со церебрална парализа за кое Слободен печат пишуваше во 2020 година, а кое почина иако беше згрижено во мал групен дом и спасено од охридската куќа каде што пред тоа преживуваше во фетус позиција на едно чергиче, со само една чаша млеко дневно.

Откако Слободен печат ја објави приказната за тажната судбина на единаесетгодишниот Илче, тој прво беше згрижен на Детската клиника во Скопје каде доби одличен третман и закрепна, почна да јаде самиот од лажичка и доби нега и грижа. Потоа беше префрлен во мал групен дом во атарот на демиркапиското село Корешница, каде го посетивме и навидум ништо не укажуваше на проблеми.

Малиот Илче веќе неколку дена јаде од лажичка, а не преку сонда на Детска Клиника

Но денеска, Основното јавно обвинителство во Кавадарци, до надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против лекарка за тешки дела против здравјето на луѓето.

Обвинетата лекарка, од први до петти октомври 2020 година, кога Илче беше сместен во малиот групен дом, била ангажирана во специјалистичкиот завод Демир Капија и укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа кај Илче, кој имаше тешко нарушување на психофизичкиот развој и церебрална парализа.

Групниот дом каде Илче живееше / Август, 2020 / Фото: Слободен печат.

Спротивно на Договорот, здравствената помош лекарката ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 5 октомври 2020 година настапила смрт.​

Илче имал покачена телесна температура пред да почине

Шахпаска: Сè уште не се знае причината за смртта на 11-годишниот Илче од Охрид

ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА: 11-годишно дете со церебрална парализа оставено без терапија и со чаша млеко во куќа во Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот