Скандал во градинка во Шуто Оризари: Бебе од 11 месеци со скршеница на рамото

Бебе на возраст од 11 месеци добило скршеница на десното рамо во градинка во Шуто Оризари, тврди таткото Имер Салиу. Тој направил рентген снимки од скршеницата и бара одговорност од негувателките задолжени да ја чуваат неговата 11 месечна ќерка. Одговорност бара од целата градинка и од општината Шуто Оризари.

-Бебе од 11 месеци не може само да си ја скрши коската. Бебе на 11 месеци не може да стои, да зборува, да оди. Тоа бебе било под надзор на негувателките кои во моментот на настанатата повреда треба да се утврди дали се фактор на таа повреда или пак не внимавале на неа кога се случило ова, не знаеме. Не добивме никаков конкретен одговор за ова. Немаме одговор. Како родител загрижен, барам одговорност од сите надлежни институции, особено општина Шуто Оризари која ги вработува негувателките, вели Салиу.

Тој додава дека повредата ја забележал кога ја зел од градинка својата ќерка.

-Откако ја земавме само ги видовме трагите на неа. Ништо не ни беше одговорено, ниту зошто е повредена. Повредена била ни рекоа, зашто била нервозна што и растат забите и самата се повредила. А за тоа што се случило со рамото уште нема одговор. Се надевам дека ќе добиеме одговор за тоа што се случило и како се случило. Секој родител би сакал да добие одговор, додава Салиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот