Скандал во битолската гинекологија: Невработено лице изведувало операција врз пациент

Одделението за гинекологија во Битолската болница го тресе скандал врзан за злоупотреба од страна на тамошните гинеколози. Имено еден од гинеколозите во операцијната сала ја внело својата сопруга, која во негово присуство и на уште еден гинеколог извршила породување со царски рез.

Таа била невработен гинеколог, странски државјани, а породувањето го извршила на почетокот на јануари.

Директорката на битолската болница доктор Билјана Гагачовска за „Слободен печат“ потврдува дека на одделението за гинекологија пријавено било невработено лице како изведува медицинска операција врз пациент.

Таа рече дека цел медицински персонал што бил присутен дента се соочува со покрената дисциплинска постапка и дека повеќе детали ќе соопштат во текот на денот официјално преку соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот