Скандал на еден од најпрестижните британски универзитети: Десетина жени тврдат дека биле силувани (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Eден од најстарите универзитети на светот, Универзитетот Сент Ендруз во Шкотска го тресе скандал откако десетина жени тврдат дека биле жртви на силување и на други сексуални напади во кампусот, а неколку од нив за нападите ги обвинуваат членовите на контроверзното братство во американски стил “Alpha Epsilon Pi”.

Универзитетот соопштил дека ќе соработува со полицијата на истражувањето на овие тврдења, кои се изнесени анонимно на Инстаграм-страницата на „St Andrews Survivors“ (Преживеани од Сент Ендруз), пренесува Си-ен-ен.

Исповедите вклучуваат повеќе од 20 обвиненија на студенти за силување и уште неколку обвиненија за други видови сексуални напади, физички напади и принудување.

Огранокот на ова братство во Сент Ендруз суспендирало неколку свои членови по обвиненијата и објавиле соопштение изјавувајќи дека овие обвинувања ги сфаќаат многу сериозно.

Publiée par AEPi St Andrews sur Vendredi 3 juillet 2020

Престижниот универзитет го посетувале принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот