Ситуацијата во Бразил не се смирува: За еден ден потврдени 11.687 нови случаи на коронавирус

Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Во Бразил се потврдени 11.687 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени порасна на 374.898, се наведува во официјалниот извештај за епидемиолошката ситуација во таа земја.

Маж плаче по свој близок кој починал од ковид-19 на гробиштата Кампо де Есперанса во Бразилиа / 21 мај 2020, Бразил / Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Во документот, кој е објавен вчера вечерта, се наведува дека за 24 часа починале уште 807 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата поврзани со коронавирусот се зголеми на 23.473.

Главното жариште на заразата е Сао Пауло во која живеат повеќе од 21 милион луѓе.

Во ридовите над Сао Паоло, на гробиштата Вила Формоса се бескрајни нови гробови, а се чини дека погребите се случуваат на секои 10 минути.

Работник се одмара по напорниот ден на Вила Фермоса, откако во рок од 12 часа ископале 62 гробни места / 18 мај 2020, Сао Пауло, Бразил / Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Според официјалните податоци, во таа бразилска држава се заразени најмалку 83.600 луѓе, со 6.200 смртни случаи.

Во Рио де Жанеиро се потврдени 39.298 случаи на зараза, а починати се 4.105 луѓе, додека во Сеара се заразени 36.185 луѓе, со 2.493 смртни случаи.

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / Април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Бразил оваа недела изби на второто место на светот по бројот на заразени, после САД и има повеќе од 330.000 потврдени случаи од коронавирус. И покрај тоа, бразилскиот претседател, кој ковид-19 го нарекува „мал грип“, ги повика претпријатијата повторно да отворат.

Администрацијата на бразилскиот претседател минатата недела одобри употреба на хидроксихлорокин, лекот против маларија, кој американскиот претседател Доналд Трамп го промовира како терапија за Ковид-19.

Доналд Трамп и Жаир Болсонаро / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Сепак, лекот против маларија кој се промовира како потенцијален лек во лекувањето против вирусот Ковид-19, не се покажа како ефикасен против оваа болест, туку напротив, ја зголемува смртноста кај пациентите кај кои е применуван, покажаа анализи објавени минатиот месец од американските болници каде бил користен во терапијата. Исто така, нови студии деновиве тврдат дека „лекот на Трамп“ е бескорисен.

Клиничкото испитување на лекот за маларија хидроксиклорокин во лекувањето на ковид-19 привремено е прекинато поради загриженоста околу неговата безбедност, објави вчера директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот