СЗО привремено го прекина испитувањето на лекот хидроксиклорокин во лекувањето на коронавирусот

Во текстот во Лансет објавен минатата недела се наведува дека луѓето кои земаат хидроксиклорокин имаат поголем ризик од смрт и срцеви проблеми од оние кои не го земаат.

Клиничкото испитување на лекот за маларија хидроксиклорокин во лекувањето на ковид-19 привремено е прекинато поради загриженоста околу неговата безбедност, објави денеска директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тедрос на онлајн конференцијата за новинари истакна дека денеска врз база на текстот објавен во научното списание Лансет одлучено е привремено да се паузира со истражувањето на тој лек во пробната студија која се занимава со лекување на болеста предизвикана од коронавирусот.

Останатите елементи од студијата продолжуваат, додаде тој.

Во текстот во Лансет објавен минатата недела се наведува дека луѓето кои земаат хидроксиклорокин имаат поголем ризик од смрт и срцеви проблеми од оние кои не го земаат.

 

„Оваа загриженост се однесува на употребата на хидроксиклорокин и клорокин за лекување на ковид-19“, рече тој и додаде дека тие лекови и натаму се прифатливи за лекување на маларија и автоимуни болести.

Останатите начини за лекување на ковид-19 вклучуваат ремдесивир и комбинација на терапија за ХИВ.

Хидроксиклорокинот кај некои пациенти може да има сериозни непосакувани ефекти, а засега нема докази дека помага против коронавирусот.

Станува збор за лек против маларија кој веќе два месеци Трамп жестоко го препорачува како  „божјо чудо“ и „чудотворен лек“ за коронавирус, сам или заедно во комбинација со азитромицин, антибиотик кој е изум на хрватската компанија Плива, а кој кај нас се наоѓа под името „Сумамед“.

Сепак, лекот против маларија кој се промовира како потенцијален лек во лекувањето против вирусот Ковид-19, не се покажа како ефикасен против оваа болест, туку напротив, ја зголемува смртноста кај пациентите кај кои е применуван, покажаа анализи објавени минатиот месец од американските болници каде бил користен во терапијата. Исто така, нови студии деновиве тврдат дека „лекот на Трамп“ е бескорисен.

Студиите покажаа: Лекот за коронавирус на Трамп е бескорисен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот