Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

epa08380977 People attend a funeral at a mass grave at the Nossa Senhora Aparecida cemetery in Manaus, Brazil, 23 April 2020. The new section of the cemetery was opened amid a sharp rise in COVID-19 victims. EPA-EFE/RAPHAEL ALVES ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Во болницата Емилио Рибас во Сао Паоло нема повеќе слободни кревети.

Во најголемиот и најтешко погодениот бразилски град Сао Паоло, коронавирусот допрва треба да го достигне пикот, а здравствениот систем веќе се распаѓа, објави Си Ен Ен.

Луѓе со заштитни маски пешачат во Сао Паоло / Април 2020, Сао Паоло, Бразил / EPA-EFE/Fernando Bizerra

Додека лекарите се обидуваат да спасат животи, претседателот Жаир Болсонаро фокусиран е на економијата на својата земја.

Бразил оваа недела изби на второто место на светот по бројот на заразени, после САД и има повеќе од 330.000 потврдени случаи од коронавирус. И покрај тоа, бразилскиот претседател, кој ковид-19 го нарекува „мал грип“, ги повика претпријатијата повторно да отворат.

Во болницата Емилио Рибас во Сао Паоло нема повеќе слободни кревети. Во тој град од коронавирус починаа речиси 6.000 луѓе, а потврдени се повеќе од 76.000 случаи на инфекции.

Во ридовите над Сао Паоло, на гробиштата Вила Формоса се бескрајни нови гробови, а се чини дека погребите се случуваат на секои 10 минути.

Според здравствените експерти најголемата закана на бразилскиот одговор на Ковид-19 е претседателот Жаир Болсонаро, а критиките дојдоа откако на почетокот од месецов новинарите го прашаа да го прокоментира драстичниот пораст на заболени, по што Болсонаро одговори „Па што, што очекувате од мене да направам?“.

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Администрацијата на бразилскиот претседател минатата недела одобри употреба на хидроксихлорокин, лекот против маларија, кој американскиот претседател Доналд Трамп го промовира како терапија за Ковид-19.

Сепак, лекот против маларија кој се промовира како потенцијален лек во лекувањето против вирусот Ковид-19, не се покажа како ефикасен против оваа болест, туку напротив, ја зголемува смртноста кај пациентите кај кои е применуван, покажаа анализи објавени минатиот месец од американските болници каде бил користен во терапијата. Исто така, нови студии деновиве тврдат дека „лекот на Трамп“ е бескорисен.

Клиничкото испитување на лекот за маларија хидроксиклорокин во лекувањето на ковид-19 привремено е прекинато поради загриженоста околу неговата безбедност, објави денеска директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот