Сите ги сакаат Русите, а кога ќе слушнете како се „ценкаат“ Кинезите, ќе се смеете

Бит пазар / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Се чини дека полека исчезнува непишаното правило на белградските господа, кои купувањата ги завршуваа со зборовите „задржи го кусурот“ како награда за добрата услуга

На социјалната мрежа „Тик-ток“  на страницата „Белграѓани“ можеме да видиме урнебесни видеа на продавачи од пазарот, кои раскажуваат со какви купувачи се сретнуваат секојдневно.

Времињата многу се сменија на пазарот, а за тоа сведочи една повозрасна продавачка од Белград, која вели дека белграѓани не се некои муштери. Оваа добродушна госпоѓа немала на што посебно да се пожали, освен за тоа што е разочарана, оти денес сите чекаат промени.

Се чини дека полека исчезнува непишаното правило на белградските господа, кои купувањата ги завршуваа со зборовите „задржи го кусурот“ како награда за добрата услуга.

На прашањето, дали сите чекаат кусур или оставаат бакшиш, жената одговара:

Да, сите чекаат кусур, не оставаат бакшиш. Русите се најдобри муштерии, а Кинезите се најлоши. Кинезите се ценкаат многу, се ценкаат и на крајот си заминуваат, категорично одговара таа.

@ljudibeograda #pijaca #beograd #belgrade #srbija #ljudibeograda #fypシ #fypシ゚viral ♬ original sound – Ljudi Beograda

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот