Сите членови на Судскиот совет да поднесат оставки, бара Коалицијата „Сите за правично судење“

Фото: МИА

Коалицијата „Сите за правично судење“ ја поздравува одлуката на членовите на Судскиот совет кои денес поднесоа оставка од нивната функција.

Од Коалицијата се надеваат и ги охрабруваат и останатите членови на Судскиот совет да поднесат оставки како би можело понатаму да се изберат нови членови на ова тело кое ќе биде легитимно во извршување на своите надлежности согласно Законот.

„Судскиот совет е тело од исклучително значење за гарантирање на независноста и професионалноста на работењето на судиите, а сé со цел да им се овозможи на граѓаните да имаат фер и правично судење пред независен и непристрасен суд. Дополнително, начинот на работата на Судскиот совет влијае на зголемување на довербата на граѓаните во судскиот систем“, велат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Претходно денес, судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот