Сирупот против кашлица порано го правеле од три вида дрога! (ФОТО)

На почетокот на 20 век фармацевтската индустрија, може да се каже дека скоро и да немала никаква контрола. „Аптекарите“ мешале сè до што можеле да дојдат за да го продадат својот производ.

На фотографијата подолу може да се види етикета за сируп за кашлање, кој се продавал на почетокот на 20 век. Списокот на состојките е доволен на човек да му се сврти во главата!

Сирупот има 10 % алкохол што и не е толку страшно, а освен алкохол содржи и канабис, хлороформ, морфин етил и хидрохлорид.

Морфинот на човекот му е одамна познат. Порано бил сметан за сигурен, ефикасен и долготраен лек кој не создава зависност и успешно помагал при тешки заболувања. Денес се знае дека морфинот претставува опоен аналгетик, кој силно делува на централниот нервен систем, предизвикувајќи еуфорија, поспаност, го ублажува стравот кај пациентот, а слично делуваат и другите состојки.

На рецептот пишува дека треба да се пие една лажичка на 3-4 часа, во зависност од јачината на кашлицата.

Збогум памет…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот