Сиријците тврдат дека се убиени девет проирански борци во напади во источна Сирија

Фото Архива на СП

Најмалку девет проирански борци се убиени во воздушните напади во источна Сирија изведени во текот на ноќта, соопшти Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права – ОСХР (OSHR).

Цел на нападите била вила која служела како центар за комуникација во сирискиот град Деир Езор, пшри што биле ранети уште над 20 членови на вооружените сили поддржани од Техеран, соопшти Центарот.

ОСХР додава дека засега не се знае кој ги извршил нападите.

Меѓу убиените има и еден од водачите на проиранските борци, како и сириски државјанин.

Градот Деир Езор се наоѓа на околу 450 километри североисточно од Дамаск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот